Со почеток во 17:30 часот утре ракометарите на Куманово го пречекуваа составот на Партизан во рамките на Првата машка ракометна лига.
Кумановци ќе имаат тешка задача, да се борат за третото место во табелата, со оглед дека од почетокот на вториот дел од сезоната имаат два порази, еден од Риниа М, а вториот од РК Струга. Недостатокот на играта на петте првотимци кои си заминаа поради лични обврски го доведе клубот во тешка состојба, но сепак лавовски се борат за што подобар пласман.
Челниците на клубот, но и ракометарите се надеваат на поддршката од публиката утре во Спортската сала во Куманово и победа против составот на Партизан.