Ракометарите на Куманово совладани од Партизан

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово викендов претрпеа пораз во рамките на Првата машка ракометна лига откако на домешен терен беа совладани од составот на Партизан од Гевгелија со резултат 23:21.

Лошиот старт на кумановските ракометари ги чинеше нов пораз, откако пораз претрпеа и на претходните два натправари од вториот дел од лигата. Првото полувреме водоството од четири гола на ракометарите на Партизан носеше надеж дека домашната екипа ќе успее да се избори за победа во вториот дел.

Но, и покрај подобрата игра во второто полувреме од средбата сепак мечот заврши со резултат 23:21 во корист на клубот од Гевгелија.

Најдобри во составот на домаќините беа Андреј Миладиновски со 7 гола, додека со 4 реализирани погодоци најдобар беше Стефан Кузмановски. Во гостинскиот состав со 9 поени брилираше Џонов, додека со четири помалку Митревски.

Ракометниот клуб Куманово моментално е на четвртата позиција во табелата, а пласманот меѓу најдобрите екипи во лигата, станува се потежок.

 

Loading...