Ракометарите на Куманово впишаа втора побеа во новата натпреварувачка сезона во Првата лига на Македонија, откако на гостински терен вчера убедливо го совладаа составот на Риниа М со резултат 25:40.
Постојаната разлика која кумановци ја прикажале во првото полувреме во голема мера го отворила патот кон сигурна победа на тимот. Со 14:10 завршил првиот дел од средбата, иако на моменти домашната екипа се трудела да го достигне водството.
Вториот дел од натпреварот кумановци го одиграле со убедливо водство, а најзаслужен за високиот резултат е Андреј Миладиновски со реализирани 10 погодоци.
Зад Миладиновски, со 2 гола помалку е Стојковски, а со шест на листата стрелци се запиша Клековски.
Во составот на Ринија М најефикасен беше Емини со 7 голови.
Следниот меч се игра веќе во недела на домашен терен од 18:30 часот против составот на Астерион од Струмица.