Ракометарите на Куманово поразени од Вардар

Сподели со своите пријатели

Лидерот во машката ракометна Супер Лига екипата на Вардар 1961 во Скопје на свој терен го совлада МРК Куманово со 30-20 на стартот од продолжението на македонскиот машки ракометен шампионат.

Целосна доминација прикажа домашниот состав од самиот старт, што се покажа и на паузата, кога Вардар замина со водство од 13:6.

Во вториот дел од средбата, кумановци иако се обидуваа, немаа сили да ја намалат предноста на лидерот од табелата.

Во тимот на Куманово најефикасен беше Ончев со 10 гола, додека кај победничкиот тим Јака Малус постигна 7 гола.

Следниот МРК Куманово го игра на домашен терен во вторник против ГРК Охрид.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  665 интервенции имале лани пожарникарите во Куманово (ВИДЕО)

Никола Ивановски