Ракометарите на Куманово останаа без финале на осминафиналната група 2 од Купот на Македонија, откако викендов на гостински терен беа совладнаи од составот на Текстилец со резултат 27:22.
Домаќините уште од стартот поведоа се резултат 4:1 и најавија дека ќе се борат за победа против составот на Куманово кои лавовски се бореа да ја стопат разликата. Иако ракометарите на Текстилец во неколку наврати постигнаа и пет голови позитива пред гостите, сепак кумановци со серија од 3:0 ја намалија разликата на 11:9. Првото полувреме сепак заврши во корсти на составот на Текстилец со резултат 14:10.
Вториот дел од мечот со 21:11 Текстилец стави до знаење кој ќе биде конечниот победник и мечот рутински го доведоа до крајот за конечен резултат 27:22.
Во составот на Куманово со 9 голови Дамјан Цветковски беше најдобриот ракометар, а со ист број реализирани погодоци во домашниот состав се истакна Оливер Пешевски.
Loading...