Ракометарите на Куманово бележат пораз во рамките на 18. коло од Првата ракометна машка лига, откако на домашен терен беа совладани од составот на РК Струга.
Кумановци имаа добар старт и им парираа на своите противници во текот на првото поврелеме, кое го завршија со два поени негатива, односно резултат 11:13.
Второто полувреме не донесе поголема разлика во резултатот. Ракометарите на Струга прикажаа поголема борбеност за победа во дерби натпреварот, па со конечен резултат 22:28 си заминаа со победа од Спортската сала во Куманово.
Најефикасни во составот на Куманово беа Даниел Трајчевски со пет погодоци, додека со по три голови мечот заврши за Бојан Петрушевски, Бојан Клековски, Христијан Димковски и Даниел Несторовски. Во составот на гостинската екипа најдобри беа Тодор Јанкуловски со 8 голови, додека по пет реализираа Цветан Кузмановски, Кире Башевски и Александар Тренчевски.
Ова е 9 пораз на кумановските ракометари, кои бележат шест победи и 3 нерешени натпревари.
Следниот меч ракометарите на Куманово го играат на гостински терен во среда против составот на Металург со почеток во 19:45 часот.