Ракометарите на Куманово поразени од Риниа М (галерија)

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово го загубија мечот од 12 коло на Првата машка ракометна лига на Македонија, откако вечерва на домашен терен беа совладани од составот на Риниа М со резултат 37:32.

 

Loading...

 

Кумановци видно ослабнати по заминувањата на неколку ракометари од составот, сепак не се предаваа толку лесно, а големата разлика која гостите ја направија на почетокот неколку пати ја намалуваа со надеж дека ќе успеат да впишат нова победа и да се искачат на третата позиција во табелата. Сепак многу повозрасниот состав на Риниа М ја икористи ранливоста на домаќинот и впиша нова победа.

 

 

Кумановци останаа на четвртата позиција во рамките на лигата со надеж дека сите превирања во клубот ќе ги надминат и ќе се вратат во ритамот од претходно.

 

Loading...

 

Најдобри во редовите на Куманово беа Андреј Миладиновски со реализирани 8 погодоци, додека со еден гол помалку мечот го заврши Бојан Клековски. Кај гостите со 17 гола најдобар беше Анѓелковиќ.

Пет првотимци заминаа, некои заминаа во странство, некои се откажаа не дојдоа да настапуваат, имаме повредени играчи, настапивме со играчи кои имаат Клековски 17 години, Стојмановски 15, Петар има 14 години и мислам дека иднината на оваа екипа допрва ќе дојде. Мислам дека се уште ништо не е изгубено, ние ќе се бориме и ќе видиме што ќе може да направиме. Сакам да напоменам дека имаме навистина перспективна екипа во која треба да се вложува и дека времето е пред нас – изјави Стефан Кузмановски, ракометар на Куманово.

 

До крајот на првиот дел од првенството остануваат неколку натпревари на кои ракометарите на Куманово ќе дадат се од себе за да се изборат за место во Супер лигата и борба за што подобар пласман.

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...