Машкиот ракометен клуб Куманово забележа пораз и во третото коло оваа сезона, откако на гостински терен беа совладани од тимот на Македонија ЃП.
Убедливо прво полувреме имаше домашниот состав, кој прикажа супериорна игра над кумановци со резултат 14:08.
Во вториот дел од средбата составот на Куманово иако се трудеше да ја достигне разликата, сепак не успеа да направи пресврт во резултатот, па мечот заврши со резултат 27:20 за составот на Македонија ЃП.
Кумановци и натаму остануваат на дното од табелата во втората група од Првата машка ракометна лига, без освоени бодови.