Ракетирана телевизиската кула во Киев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Масивна експлозија беше забележана во вторникот попладне во Киев, чија цел била градската телевизиска кула, набргу откако руските новински агенции го цитираа московското Министерство за одбрана дека армијата имала намера да нападне Украинската служба за безбедност и единицата за специјални операции на Киев.

Loading...

Нападите имаат за цел да ги спречат „информативните напади“ врз Русија, соопшти Министерството, повикувајќи ги оние во близина на локациите да ја напуштат областа.

 

 

Оваа кула е специфична по тоа што е втора по големина челична конструкција од овој тип во целиот свет.

Киевската ТВ кула е кула висока 385 метри, а изградена е во 1973 година и има 11 ката. Тоа е највисоката структура во Украина.

 

Loading...

 

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека поради нападот на руските војници на киевската ТВ кула дошло до уништување во контролната соба на радиодифузерот, така што ТВ каналите извесно време нема да работат.

„Ударена е контролната соба на ТВ кулата. Каналите нема да работат некое време“, се наведува во пораката на МВР објавена на каналот Телеграм, пренесува „Интерфакс“.

 

 

Во исто време, во пораката се забележува дека резервното емитување на некои канали ќе биде вклучено во блиска иднина.

Loading...