Ракети кон Украина истрелани и од Белорусија

Сподели со своите пријатели

Врховната Рада на Украина на својата официјална страница на Твитер објави дека биле нападнати од друга држава.

Loading...

Според украинските власти, во руската воена акција во Украина се приклучила и Белорусија.

„Од Белорусија кон Украина беа лансирани четири балистички ракети“, се вели во соопштението.

Да потсетиме, руските сили рано утринава ја нападнаа Украина од три страни, а експлозиите одекнаа и во Киев.

Бомбите прво паднале врз североисточниот град Харков, но нападот брзо се проширил во централна и источна Украина.

 

 

Loading...

Нападите биле пријавени во градовите Одеса, Днипро, Мариупол и Краматорск.

Путин најпрвин го објави нападот рано наутро, велејќи дека одлучил да спроведе воена операција и да ги заштити луѓето кои биле „изложени на злоупотреба и геноцид од режимот во Киев 8 години“.

Тогаш претседателот на Украина, Володимир Зеленски, одговори дека разговарал со претседателот на САД, Џозеф Бајден и дека САД се подготвуваат да ја поддржат Украина.