Најмалку три ракети паднаа на меѓународниот аеродром во Багдад и блиската американска воздухопловна база, оштетувајќи еден цивилен авион кој не се користи, соопштија полициски извори.
Loading...
Изворите не известуваат за поголема материјална штета или повредени.
Оштетениот авион е во сопственост на Ирак Ервејс и не бил во употреба.
Воздухопловната база на САД, позната како Камп Виктори, се наоѓа во радиусот на цивилниот аеродром во Багдад.
Ракетните напади, за кои САД и некои ирачки функционери ги обвинуваат милициите во сојуз со Иран, кои се противат на американското воено присуство во регионот, редовно го гаѓаа аеродромскиот комплекс во последниве години, пренесува Ројтерс.