Ракетен фрлач пронајден кај браната Глажња

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 13.05 часот во Полициската станица Матејче, Н.С. (60) од село Черкези пријавил дека на локалниот пат во селото Липково, поточно кај браната „Глажња“ пронашол една неескплодирана експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници и екипа од Одделот за антитерористичка заштита при Управа за безбедност и контраразузнавање констатитано било дека се работи за Рачен ракетен фрлач м-80 од Југословенско потекло. Фитилот кој се наоѓал во внатрешниот дел бил прекинат, истата била уништена со контролирана екплозија при што запалката била одделена од експлозивот, по што истата е подигната од местото за понатамошно вештачење.