Ракета на Хезболах падна во областа на аеродром во Тел Авив

Сподели со своите пријатели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека една од 10-те ракети лансирани од либанската милитантна група Хезболах паднала во областа на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, но дека нема повредени.

Loading...

Војската соопшти дека израелската противвоздушна одбрана пресретнала повеќето од 10-те ракети истрелани од Хезболах.

Аеродромот Бен Гурион објави дека работи нормално и дека нема доцнења ниту во летовите на полетување ниту при пристигнување, објави „Тајмс оф Израел“.