Азија токму благодарение на Хонг Конг и Кина забележа најголем пораст меѓу ултра богаташите. Хонг Конг и официјално го надмина Њујорк по бројот на најбогатите луѓе во светот.
Меѓу 10 градови со најбогати жители во светот се Токио, Лос Анџелес, Лондон и Парис. Њујорк своето место најбогат град на светот го држеше се до 2011. година.
Меѓу најбогатите луѓе во Хонг Конг е милијардерот Ли Ка Шинг, чие царство „CKHUY“ контролира пристаништа, телекомуникациски мрежи и енергетски компании ширум светот.
Тајна скривница за милијардери: На прв поглед само дупка, но внатре рај (видео)
На глобално ниво бројот на ултра богаташите е зголемен за 13 отсто во 2017 година па сега ги има вкупно 250.000, со вредност од 31,5 билиони долари.
Поголемиот број од таквите богаташи имаат заработено од 30 до 100 милиони долари, додека 2.700 од нив минатата година забележале приходи од милијарда долари.
На листата на најбогатите луѓе во светот 14 отсто се жени, пишува Бизнис Инсајдер.
Азија токму поради Хонг Конг и Кина бележи најголем пораст помеѓу ултра богаташите. Меѓу нивните најбогати жители се и Џек Ма и Пони Мапо, основачите на Алибаба и Тенсент.
– Динамиката за создавањето на богатството на големиот кинески пазар е неверојатна, стои во извешјатој.
Според проценките од минатата година еден од седум луѓе кои живеат во Хонг Конг се милионери, а вкупно гледано, САД останува омилената земја за живот на најбогатите луѓе во светот и дом на третина од најбогатите луѓе.
62 ултрамилијардери имаат пари колку 3,2 милијарди жители на планетава