Радмила Шекеринска назначена за втор човек на НАТО

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска соопшти дека за негова заменичка ја именувал политичарката Радмила Шекеринска, поранешна министерка за одбрана на Македонија.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следен заменик генерален секретар. Таа навистина верува во НАТО, знае што е потребно за да се приклучи на НАТО и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа што поскоро додека таа ја презема оваа витална улога“, се вели во изјавата на Руте објавена на веб-страницата на Алијансата.

Шекеринска (52) беше вицепремиер задолжен за евроинтеграции и министер за одбрана од пред влезот на Македонија во НАТО во 2020 година, а беше и висок функционер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најстариот Германец почина на 110 години

Шекеринска до крајот на оваа година треба да ја преземе функцијата заменик генерален секретар на НАТО.