Радикализацијата на исламистите се зголемила за време на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Директорот на новата Државна безбедност (ДСН) на Австрија, Омар Хајџави-Пирхнер предупреди на зајакнување на џихадистичката сцена.

Loading...

Тој за радиото Ое1 изјави дека исламистичките екстремисти го искористиле времето на пандемијата за да „конзумираат онлајн пропаганда преку Интернет“.

Тој посочи дека поради тоа масовно пораснала радикализацијата.

„Последиците од тоа сега, по пандемијата или во средната фаза на пандемијата, повторно се чувствуваат акутно во реалниот живот“, рече Хајџави-Пирхнер.

Укинувањето на ограничувањата на слободата на движење, исламистичката сцена повторно почна активно да регрутира и организира состаноци надвор од интернет.

Според него, безбедносните органи се исправени пред нови предизвици.

По смртта на еден од лидерите на Исламската држава, таа организација повика на одмазда, а освен тоа, многу џихадисти оценија дека преземањето на власта од страна на Талибанците во Авганистан е еден вид победа над Западот, објасни тој.

Тој посочи дека сето тоа доведе до будење на овие структури во Австрија.

Loading...

Исламскиот екстремизам, вели тој, повторно е акутна закана за Австрија.

Хајџави-Пирхнер нагласува дека нема конкретни планови за терористички напади во Австрија, но дека тероризмот е реална закана во целиот свет.

Тој потсети дека последните терористички напади, со исламистичка екстремистичка позадина, во Европа ги извршиле поединци кои се поддржувачи на Исламската држава или некоја друга организација, но кои сами одлучуваат дали и како ќе го извршат нападот.