Радев: Политиката на новите власти во Скопје е насочена против европските принципи

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска оцени дека политиката на новите власти во Македонија е насочена против европските принципи.

Loading...

„Новата влада кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа на оваа земја е да го признае самото постоење на зборовите „Бугарин“ и „Бугарско“. Тоа е политика насочена директно против европските принципи и одлуки донесени со консензус од сите земји-членки, против меѓународните обврски, но пред се против сопствените граѓани кои јасно ги изразија своите амбиции за европски развој на таа земја“, изјави Радев за новинарите во Софија.

Како што јави агенцијата МИА, претседателот на Бугарија нагласил дека очекува коректни постапки и од бугарската влада и од европските институции „за да се задржат европските принципи и норми во процесот на проширување“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сашо Петрушевски нов државен секретар во МВР

„Тоа значи – да се гарантира неповратност и одржливост во афирмацијата на принципите на демократијата и главните критериуми во почитувањето на човековите права“, рече Радев.

Според него, доколку ЕУ не се залага за европска перспектива на Балканот, заснована на јасни принципи, норми и вредности, „тогаш Балканот порано или подоцна ќе се соочи со Европа со балканизација“.

Лидерот на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, кој како премиер го потпиша Договорот за добрососедство со неговиот македонски колега Зоран Заев на 1 август 2017 година, побара од новиот премиер на Македонија, Христијан Мицкоски, да ги почитува меѓународните договори кои се дел од преговарачката рамка на ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владата ќе ја одржи првата седница

Како што пренесуваат македонските медиуми, Борисов рекол дека и покрај добрите односи меѓу него и неговите партнери од ЕУ, договорите мора да се почитуваат.

„Секое толкување не е добро за колегите од Северна Македонија“, рече Борисов, додавајќи дека ќе иницира средба со Мицкоски доколку тој формира влада и повторно стане премиер на Бугарија.

Loading...

„Без наша и грчка поддршка, Република Северна Македонија нема шанси да влезе во ЕУ. Сега тие треба да бидат одговорни. Бидејќи ја добија нашата поддршка, можат да сметаат на неа“, изјави Бојко Борисов.