Рации низ Германија: Уапсени седум поддржувачи на Исламска држава

Сподели со своите пријатели

Германските власти уапсија седуммина осомничени поддржувачи на терористичката група Исламска држава (ИД), како дел од истрагата за финансирање на терористичката организација, соопштија денеска обвинителството.

Loading...

Властите извршија 19 рации во Баден-Виртемберг, Бремен, Хамбург, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Рајна-Пфалц, како и во еден приватен објект во Холандија, се вели во соопштението на федералното обвинителство.

Уапсените лица се осомничени дека припаѓаат на меѓународна мрежа која барала финансиски донации за ИД во Сирија преку различни платформи, вклучително и Телеграм, и последователно ги предавала на групата или нејзините посредници.

На овој начин се префрлени најмалку 65.000 евра, изјавија обвинителите.