Работник се здобил со повреди во кумановска млекарница

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 14.30 часот во Куманово во Млекара „Здравје Радово“, Д. С.(29) од Скопје работејќи во погон за производство на млечни производи, по своја волја се качил во товарен лифт натоварен со туби со средства за чистење, при што се скинала сајлата и лифтот паднал од висина од 1.5-2 метри.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Д.С. се здобил со тешки телесни повреди на нозете поради што бил  пренесен во Општа болница Куманово, од каде по укажаната лекарска помош бил препратен во Клинички центар Скопје.