Вчера околу 03.15 часот во Куманово, во АД ФЗЦ „11-ти Октомври“ вработениот С.Ф. (60) од Куманово паднал од профил на кој бил качен при што се здобил со тешки телесни повреди, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Поради сериозност на повредите истиот е пренесен во Клинички центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.