Педесет и тригодишен работник од Скопје вчера загинал извршувајќи работни задачи во фабрика во Куманово.
Loading...
– На 21.10.2020 во 10.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во фабрика, при извршување на работни задачи, С.С.(53) од Скопје при пад се здобил со повреди и починал, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на семејството.
Никола Ивановски