Работник од Куманово со тешки повреди завршил во болница

Loading...
Сподели со своите пријатели

Четириестгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи, поради што завршил во болница.

– На 25.06.2025 во 16.20 часот во СВР Куманово е пријавено дека Т.И.(40), вработен во приватна фирма, додека извршувал работни задачи на ул. „Козјачка“ во Куманово, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово и трудов инспектор.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Градинката „Ангел Шајче“ во Куманово со зголемен интерес и нови уписи