Работна средба на државниот секретар Петрушевски со амбасадорот на Босна и Херцеговина

Сподели со своите пријатели

Денеска (23.04.2025) државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, Сашо Петрушевски оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ.

Loading...

На средбата беа потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји и беше изразена подготвеност за натамошно продлабочување на севкупната соработка во областите од заемен интерес.

 

 

Државниот секретар Петрушевски се заблагодари за постојаната поддршка од страна на Босна и Херцеговина и ја истакна важноста за поврзување и засилена соработка на билатерален план во рамките на мултилатералните организации и регионалните иницијативи.

Двајцата соговорници разговараа за актуелните состојби во двете земји, перспективата за интегрирање во Европската Унија, актуелните состојби во регионот, при што беше ставен акцент на илегалната миграција, како и на потребите за управување со миграциските текови, докажувајќи на тој начин дека регионалната соработка останува врвен приоритет на сите нас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се проширува патарината Миладиновци (ВИДЕО)