Работи што родителите ги прават, а се многу токсични

Сподели со своите пријатели

BUZZFEED неодамна ги праша своите корисници кои работи се нормални во семејствата и кои се всушност многу токсични.

Loading...

Луѓето не се воздржуваа премногу и даваа многу примери. Подолу се најинтересните.

„Идејата дека треба да им се доверите на родителите или на другите членови на семејството за вашите проблеми.“

„Можеме ли да престанеме да зборуваме како нашите деца да ни должат нешто само затоа што сме ги родиле?“

 

 

„Кога семејствата туркаат сè под тепих за да изгледа дека сè е во ред. Работите како комуникација, дискусија за чувствата и решавање проблеми речиси и да ги нема денес, а ако некој некогаш спомене проблем, генералниот став е дека тоа никогаш не се случило.”

Loading...

„Верувањето дека бабите и дедовците треба да ги разгалуваат внуците е токсично.“

„Токсично е кога членовите на семејството постојано ве прашуваат кога ќе се венчате, дали веќе сте нашле некого“.

„Очекувањата од децата да се грижат за родителите кои не се добро или се постари, особено кога детето е сè уште дете.“

„Телесни казнувања. И не го оправдувајте со тоа што те тепале па си излегол добро. Тоа не е точно“.

„Знам дека линијата е тенка, но не треба да се воздржувате да го пофалите детето за да го воспитувате скромно“.

 

 

Loading...

„Озборување на членовите на семејството, а потоа поканување на ручеци, свадби и други прилики за се да изгледа во ред.“

„Токсично е колку напор се вложуваат за да се добие совршена семејна фотографија. Мразам кога некој врши толкав притисок да добие фотографија на која сите се насмеани и изгледаат среќни“.

„Само затоа што вашите родители се постари не значи дека не треба да се залагате за себе кога тие прават или кажуваат нешто што покажува дека не ве почитуваат“.

„Моите родители секогаш ме споредуваа со моите браќа и сестри. Јас пораснав слушајќи: „Твојата сестра никогаш не ми правела проблеми“ или „Никогаш не сме имале вакви проблеми со твојот брат.“ Затоа се чувствував како целосно неуспешен од мал возраст“.