Работи што не ни се потребни, а на кои фрламе пари

Сподели со своите пријатели

Рекламите се дизајнирани да го привлечат вашето внимание и да ве убедат дека навистина ви треба некој предмет.

Loading...

Денешните маркетинг техники се засноваат на децениско истражување на пазарот и психологија, така што секој производ може да се направи колку што е потребно. Токму тоа е намерата на секоја реклама.

Доаѓаат празници и би било убаво да заштедите пари за да си дозволите нешто што долго време го посакувате или што навистина ви треба.

 

 

За поголемите работи на списокот што следи, сигурно имате соодветна замена, а купувањето на овие производи дефинитивно би било губење пари.

1. Флаширана вода – доволно е да ја купите еднаш и подоцна да ја наполните со вода од чешма. Хидратацијата е многу важна, но ефектот е ист. Купете флаширана вода само во случај да сте заборавиле да ја понесете.

Loading...

2. Облека за вежбање – едноставна тренерка и маичка се сосема доволни, нема потреба од посебна гардероба.

3. Најнови уреди – нема потреба да ги купувате најновите технолошки достигнувања, доколку уредите што веќе ги имате функционираат совршено. Трката со технологијата е однапред изгубена, бидејќи новите производи се скапи, па единственото нешто што го постигнувате е банкрот.

4. Лотарии – игрите на среќа се дизајнирани да ве натераат да изгубите, па нема потреба да фрлате пари по нив.

 

 

5. Сламки за пиење – не се голем трошок, но ќе се согласите дека се непотребни.

6. Сувенири, магнети за фрижидер – немате никаква корист од нив, а фотографиите се дефинитивно подобри кога сакате да евоцирате спомени од патување.

Loading...

7. Весници – трендовите се менуваат, а денес кога сите информации ви се достапни на интернет, нема потреба од весници.

8. Златен накит – ефективно парче накит може да се изработи од сребро, стакло, пластика…

9. GPS навигација – секој паметен телефон денес има GPS уред, така што не ви треба посебен уред.

10. Средување во салони – без разлика дали се работи за коса, кожа, нокти или шминка, апсолутно сè можете сами да направите дома. На интернет можете да најдете безброј решенија и идеи, а поисплатливо е да го купите производот што ви е потребен за третманот отколку да одите на скапи третмани.

 

 

11. Брендирана облека и обувки – не се залажувајте дека ќе бидете забележани по неа. Поважно е како нешто ви стои отколку каде сте го купиле. Исто така, поважно е да бидете свои, единствени и да ви биде удобно во тоа што го носите.

Loading...

12. Домашни украси и фигурини – ќе имате само повеќе работа околу собирање прашина, а минимализмот е во тренд.

13. Играчки за деца – ова всушност ја убива креативноста на детето. Кога има се што сака од играчки, детето нема потреба да замислува и фантазира. Дополнително, му давате лош пример на детето, бидејќи со вака однесување му кажувате дека може да добие се што ќе посака, без труд.

14. Членство во теретана – интернетот е полн со совети и видеа за вежбање. Некои се однесуваат на самите вежби, други за правење опрема. Доколку сакате, можете да вложите пари во некои од додатоците, што не можете сами да го направите.

15. Апликации за мобилни телефони – се случува бесплатно да преземете некоја апликација, а подоцна да испадне дека треба да платите за да работи. Ниту една апликација не е толку потребна за вас.