Работи што многу луѓе не ги разбираат за неверството: И среќните луѓе изневеруваат…

Сподели со своите пријатели

Во минатото, мажите имале афери со колешките, а жените со пријателите или соседите.

Loading...

Брзо ги осудуваме луѓето кои прават неверство, но како општество навистина сме неуки за вистинските причини зошто луѓето го прават тоа.

Благодарение на најновото опсежно истражување спроведено од лидери во оваа област, сега знаеме дека неверството е многу посложена област отколку што беше некогаш.

– Имено, ако сексот е главниот мотив за изневерување, како да се објасни драматичното зголемување на емотивните афери од типот „види, но не допирај“? – прашува Трејси Кокс, експерт за односи.

– Порано мажите имале афери со колешките од работа, а жените со пријателите или соседите бидејќи тие биле единствените луѓе со кои често контактирале. Значи, аферите најчесто се откривале со физички знаци како кармин на јака или фискална од ресторан во џеб од панталони или следејќи се еден по друг – вели Кокс.

Сега норма е да работат и двајцата партнери, што десеткратно ги зголемува можностите.

Освен тоа, денешната технологија толку драматично ги промени улогите на изневерувањето што стана непрепознатливо.

Како да се дефинира неверството?

– Изнајмување хотелска соба не доаѓа предвид, но што е со онлајн интеракцијата како испраќање еротска фотографија? Дали текст со интимна содржина е всушност неверство? Дали заедничката сесија мастурбација на видео повик се смета за изневерување ако луѓето физички не се во иста просторија? – толкува Кокс.

Loading...

Технологијата ја олеснува аферата бидејќи нè става во контакт со други луѓе со слични желби, но исто така е и начинот на кој луѓето лесно се откриваат едни со други.

Повеќето студии наведуваат дека дури 40 проценти од луѓето го изневеруваат партнерот на овој или оној начин.

Експертот за неверство, белгиската терапевтка Естер Перел, проценува дека неверството е помеѓу 26 и 75 проценти бидејќи не постои универзално прифатена дефиниција за тоа што претставува неверство во нашата дигитална ера.

Луѓето кои изневеруваат се несреќни

Ако мислевте дека знаете сè за изневерувањето, размислете повторно. Имено, погрешно е мислењето дека оние кои изневеруваат се всушност несреќни.

– Ted Talk Esther Perel, „Зошто изневеруваат среќните парови“, го погледнале стотици илјади луѓе, а нејзиниот претходен „Преиспитување на неверството“ има повеќе од 22 милиони прегледи. Перел верува дека среќните луѓе изневеруваат затоа што аферите се начин повторно да се измислиме. Ако сте долго време со вашиот партнер, многу е тешко да го натерате да ја види личноста што сте сега, наспроти тоа што бевте кога се запознавте – објаснува Кокс.

Луѓето кои немаат желба да залутаат понекогаш го прават тоа затоа што другата личност гледа нова, сјајна верзија од нив.

Таа нова личност всушност препознава колку напорно работела за да промени или постигне нешто, додека „стариот“ партнер останува несвесен за сето тоа.

Од помалку алтруистичката страна, да не заборавиме дека изневерувањето е прекрасен поттик на егото и додава возбуда што недостасува во повеќето долгорочни врски.

Loading...

Задоволството и сигурноста се прекрасни за доживување, но ветрот на новото има силна, опојна привлечност на која е невозможно да се одолее дури и за многу среќни луѓе.

Педесет и шест проценти од мажите кои имале афери во едно истражување изјавиле дека нивните бракови се среќни, во споредба со 34 проценти од жените.

Многу мажи кои ги сакаат своите партнерки и имаат врски со нив, нема да ја одбијат можноста да имаат некоја на страна.

Друга студија покажа дека мажите во долгорочни бракови кои имаат афери често пријавуваат многу високо брачно задоволство воопшто.

Од друга страна, жените во долгогодишни бракови кои имаат афери го наведуваат токму спротивното – дека воопшто не се задоволни од својот брак.

Всушност, брачното задоволство на сите се намалувало колку подолго биле во брак — освен кај мажите кои имале афери. Да, доста разочарувачки факт.

Само лошите луѓе се неверни

Пред 20 години, што било напишано или кажано за неверство речиси сигурно било од перспектива на жртвата. Оние кои изневерувале биле лоши луѓе.

Но, тогаш една студија покажа дека не само лошите луѓе изневеруваат, туку и добрите луѓе.

Loading...

Перел зборува за „афера без вина“: идејата дека аферата не мора да значи дека има проблем со врската или личноста.

Накратко, добрите луѓе изневеруваат исто како и лошите луѓе. Истражувањата ни кажуваат дека луѓето кои се примерни сопруги и сопрузи, одлични мајки и татковци, кои ги сакаат своите партнери и се емотивно одговорни на сите други начини, исто така, понекогаш залутаат.

– Луѓето грешат, без разлика колку се добри нивните намери. Тоа е „само уште една пијачка“ на забавата во канцеларијата, која завршува со дружење со колешката во тоалетот. Исто така, тоа е невино пријателство со личност која го шета кучето во исто време со нас, што на крајот се претвора во нешто неочекувано – вели Кокс.

Сосема е можно да се сака повеќе од една личност одеднаш. Многу луѓе кои имаат афера немале намера да изневерат и се чувствуваат засрамени и ужасни поради тоа што го прават.

 Мажите изневеруваат, а не жените

– Уште една погрешна претпоставка. Имено, процентот на мажените жени кои признале неверство се зголемил за четириесет проценти – од 10,5 во 1990 година на 14,7 во 2010 година – открива Кокс.

Едно од најцитираните студии од 2023 година покажа дека 13 отсто од жените ги изневеруваат своите партнери, во споредба со 20 отсто од мажите.

Loading...

Првично се мислеше дека жените најчесто изневеруваат кога се чувствуваат запоставено или несакано.

Но, американскиот терапевт за секс и парови Др. Теми Нелсон (автор на „Кога ти си тој што изневерува“) има интересен, различен став за неверството.

Таа мисли дека мажите изневеруваат поради дружење и интимност – ако недостасува само секс, тие се свртуваат кон порнографија. И ако има недостаток на љубов и наклонетост, тие имаат афера.

– Жените, вели, изневеруваат поради страст и секс – еротски секс. Уморни се да се грижат за своите мажи и сакаат себичен секс без компликации – објаснува Кокс.

Многу жени ги изневеруваат своите партнери, според Wednesday Martin, авторка на „Неточно“, книга која го урива стереотипот дека мажите се посекси од жените.

Loading...

– Се венчавме со здодевен тип затоа што е стабилен и сигурен и би станал одличен татко, а на патот имаме секс со жешки, лоши момчиња. На овој начин ја добиваме сигурноста, стабилноста и дружењето на долготрајната љубов, но и возбудата од секс на страна – тврди Мартин.

И нашата култура е променета, во односите има помалку „ние“, а повеќе „јас“.

Многу жени имаат афери како „награда“ затоа што се примерни мајки и вредни сопруги.

– Ова е за мене, тоа е нешто што многу пати сум го слушнал од жени кои изневеруваат. Се останато во животот правам за семејството, ова го заслужувам, така велат многумина – истакнува експертот за односи.

Изневерувачот секогаш треба да се остави

Во минатото, кога било откриено неверството, жената добивала аплауз затоа што „стоела покрај својот маж“.

Loading...

– Денеска поради тоа е слабо ценета. Секоја личност што се почитува треба да излезе од таква врска, за да го зачува своето достоинство и самопочит. Освен тоа, како повторно ќе му верувате? – прашува Кокс.

Вистината е дека некои предавства се премногу болни за да се простат. Може да биде личност која е меѓу вашите блиски пријатели, должината на изневерувањето и околностите, на пример, брачниот другар е болен или сопругата е бремена.

Нивото на понижување е исто така важно – ова е кога сите знаат освен личноста која е измамена.

Но, понекогаш аферата е директен одговор на проблем во врската што личноста која изневерувала очајно се обидувала да го реши.

Ако вашиот партнер со години се однесува лошо со вас, а вие сте пробале се за да го усреќите, но безуспешно, аферата може да биде пасивно-агресивен начин да се справите со неа.

Личноста која изневерува поради љубов или секс не е нужно виновна. Ако тоа е реакција на вистински проблем во врската, аферата може да биде повик за будење потребен за да се спаси.

Loading...

– Лично познавам неколку случаи на луѓе кои изневерувале дури откако на партнерот му кажале дека се крајно несреќни и дека биле игнорирани. Изневерувањето бил начин да покажат колку се несреќни. Сепак, аферата не е начин да се поправи врската. Тоа не е. Добра комуникација и/или терапија е – вели Кокс.

Во многу случаи, аферата веднаш ја убива врската. Но, ако оштетената личност ја гледа својата улога во тоа зошто тоа се случило, тоа може да биде катализатор за промена.

– Во тој случај, секако, треба да останете и да се обидете да ја спасите врската. Никој не е работа дали ќе одлучите да останете и силно препорачувам на секој што се меша или нељубезно осудува да му каже каде да оди – заклучува Трејси Кокс.

Никој не може вистински да ја разбере вашата врска, само вие двајца знаете дали можете да продолжите, пишува Daily Mail.