Работи кои секој маж ги сака од партнерката, а не смее да признае

Сподели со своите пријатели

Постојат одредени работи кои повеќето мажи ги сакаат од жените, но тие никогаш нема да им ги признаат – или заради срамот или заради сопственото его. Се чини дека тие мислат дека жените го знаат тоа…

Loading...

Ви претставуваме девет работи кои секој маж ги сака, а никогаш нема да ги каже отворено, наведува „Информер“.

Почитување

Бројни студии покажале дека мажите очајно сакаат да бидат почитувани од жените кои им значат. Ако се сомневате во тоа, прашајте го вашиот партнер и уверете се сами.

Ова е една од најважните работи кои тие ги сакаат, но не сакаат да признаат. Повремено, покажете му дека ви е важна некоја негова идеја, мислења и чувства и тој ќе биде многу среќен.

Восхит

Восхитувањето оди рака под рака со почитта. Тие сакаат кога жените им се восхитуваат, но вашата восхит мора да биде искрена затоа што тој ќе препознае дали вашите комплименти се искрени или не.

Ако му кажете нешто што навистина цените кај него, тој ќе биде многу среќен што го слуша тоа.

Дружење

Мажите сакаат да го поминат своето време со жените кои им значат. Тој ќе биде многу среќен ако со него гледате утакмица или му се придружите на каучот додека го гледате неговиот омилен филм.

Поентата е во тоа што сака да ве има покрај себе, а тоа е навистина одлично. Се разбира, на секој од нив му е потребно време поминато со своите пријатели, но тоа не значи дека не сакаат да бидат со вас.

Loading...

Од таа причина, пронајдете начини да поминете што е можно повеќе време заедно.

Пријатен глас

Тие навистина ценат пријатен тон на гласот на жената со која се во врска. Всушност, сите ние сакаме да слушаме нечиј смирувачки и пријатен глас.

Се разбира, не можете да го задржите тој тон во оние моменти кога ќе ве налути, но тоа е нешто на кое можете да работите.

Во принцип, тоа е нешто на кое сите треба да посветиме малку повеќе внимание затоа што луѓето многу подобро реагираат едни на други кога ќе им се пријде мирно и љубезно.

Охрабрување

Друга работа што навистина им е потребна и ја ценат е охрабрувањето. За нив е важно да знаат дека жената што ја сакаат е со нив и да ги поддржува во сè што прават. Вашата верба во него е многу важна за него. Ова му дава сила да се спротивстави на сите пречки што доаѓаат на патот. За возврат, тој секогаш ќе биде тука со вас.

Признавање

Понекогаш мажите треба да преземат многу различни улоги во нивните животи, па понекогаш укажувајте му дека препознавате колку е добар партнер, татко, син, брат, пријател…

Ретко се зборува за тоа, а тој ќе го цени тоа што сте признале дека го цените неговиот труд.

Независност

Мажите многу ја сакаат својата независност. Тоа не значи дека сакаат да бидат сами цело време, но понекогаш сакаат да имаат момент само за себе.

Loading...

Имајте на ум дека понекогаш треба да му дозволите да биде сам некое време и да прави работи и активности што го исполнуваат и прават среќен.

Поддршка

На сите ни треба поддршка од оние кои ни значат во животот, а мажите нималку не се разликуваат во тоа од жените.

Ако се обиде да постигне нешто, да добие унапредување на работа – бидете негова поддршка.

Дајте му на знаење дека сте таму за него и дека секогаш ќе бидете таму, во добро време и во лошо.

Копнеж

Иако веројатно знае дека го сакате, понекогаш не е на одмет да му го покажете тоа отворено. Мажите обожаваат кога гледаат дека жените копнеат по нив и кога се чувствуваат посакувани.

На крајот на краиштата, кој не го сака тоа? Флертувајте со него и покажете му дека најмногу го сакате на светот.