Колку и да ви е полесно, некои работи не би требало да ги ставате во машината за алишта затоа што од неа нема да излезат во формата во која претходно сте ги ставиле.
Патики
Не смеат сите патики да се перат во машината за алишта, а тие кои можат да се перат на температура не повисока од 40 степени, секако, во заштитна вреќа.
Пред да ги ставите во машината првин би требало да ги исперете со сапун и вода за да ги остраните дамките од земја, блато и слично.
Ако вашата машина ја има таа можност, исклучете ја центрифугата кога ќе ги перете патиките.
Опрема за тренинг
Облека за вежбање, како и друга опрема која ја користите, како ракавиците, потребно е да се перат во заштитни вреќички за да тие предмети кои впивале пот, а неретко имаат и непријатен мирис, се издвојат од останатите алишта. Облеката за вежбање исто така најдобро е да ја сушите на воздух.