Руската армија ги уништи плановите на украинските власти кои имаа намера да војуваат, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека на властите во Киев преку различни канали им бил испратен предлог за повлекување на војската од Донбас, но тие не го сториле тоа.
Тој додаде дека западните покровители на Украина го поттикнале Киев на крвопролевање, доставувајќи оружје и испраќајќи платеници, пренесе Спутник.
Амбасада на САД во Украина: Руски војници убиле 10 луѓе на ред за леб
На конференцијата за мерките за поддршка на регионите, тој зборуваше за причините за започнување на специјална операција во Украина и нагласи дека Киев го саботирал мирното решавање на кризата.
„Операцијата се одвива според планот. Тактиката на Министерството за одбрана се покажа како целосно оправдана. Се чини дека се е направено за да се избегнат жртви меѓу цивилите“, рече Путин.
Рускиот претседател изјави дека појавата на руските сили на приодите кон Киев нема никаква врска со намерата да ја окупираат Украина.
Путин, исто така, истакна дека, како што вели, пронацистичкиот режим во Украина во блиска иднина би можел да добие нуклеарно оружје насочено кон Русија.