Путин: Западот ги мами граѓаните за поскапувањето на енергенсите

Сподели со своите пријатели

Западот се обидува да ја обвини Русија за сопствените грешки, а санкциите воведени кон Русија не се легитимни, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Ројтерс.

Loading...

„САД се обидуваат да го измамат сопственото население криејќи се зад Русија“, изјави Путин по средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин, со кого разговарал за ситуацијата во руската економија по воведувањето на санкциите, пренесува Спутник.

 

Киев: Русија намерно ја спречува евакуацијата од Мариупол

 

Според Путин, САД престанале да увезуваат руска енергија и се обидуваат да ја обвинат Русија за поскапувањето.

„Русија нема никаква врска со тоа. Цените на енергијата на Запад растат поради сопствените калкулации на западните земји“, рече рускиот претседател, додавајќи дека Русија ги почитува своите обврски во областа на енергетиката.

Тој исто така тврди дека САД се обидуваат да потпишат енергетски договори со Иран и Венецуела.

Loading...

 

Киев: Русија намерно ја спречува евакуацијата од Мариупол

 

Русија ги исполнува своите обврски за снабдување со нафта и гас за ЕУ

Русија ги исполнува сите свои обврски поврзани со снабдувањето со енергетски ресурси за Европа и другите региони во светот, изјави денеска Путин на состанокот со членовите на владата.

„Што се однесува до оние земји кои преземаат непријателски чекори кон нашата земја и економија, ние сме свесни дека ги наведуваат санкциите што ни ги воведоа како причина за влошување на состојбата на нивните граѓани“, рече рускиот лидер, пренесува ТАСС. .

„Сето тоа изгледа многу чудно, особено што ги исполнуваме сите наши обврски во снабдувањето со енергија“, додаде Путин.