Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека западните санкции против Русија се слични на објавување војна, пренесува Ројтерс.
Тој рече дека Москва треба да ги брани оние што зборуваат руски во источна Украина, како и нејзините интереси.
Главната руска авиокомпанија ги суспендира летовите во странство, освен во Белорусија
Во телевизиските коментари, Путин истакна дека Русија сака Украина да биде „демилитаризирана“, „деназифицирана“ и да има неутрален статус.
Тој исто така рече дека не планира да прогласи вонредна состојба во Русија, пренесува АФП.
Путин рече дека Москва ќе смета дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина влезе во конфликтот.
Путин: Русија се обиде да го реши конфликтот во Украина по мирен пат
„Ќе го сметаме секое движење во оваа насока како учество во вооружениот конфликт на таа земја“, рече рускиот лидер за време на состанокот со вработените во Аерофлот, пренесе Ројтерс.
„Воведувањето зона на забранети летови би имало колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“, рече Путин.