Путин: Во Украина напредуваме по целата линија на фронтот, ги повикувам колегите од Запад на дуел

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ситуацијата во војната во Украина „радикално се менува“, дека руската армија напредува по целата линија на фронтот и дека руските војници секојдневно ја враќаат контролата врз територијата.

Loading...

– Армијата напредува по целата линија на фронтот, секој ден. Како што кажав претходно, не се работи за напредување за 100, 200, 300 метри. Нашите борци враќаат квадратни километри територија – рече Путин во своето годишно обраќање „директна линија“.

Тој рече дека ракетата „Орешник“ е модерно оружје произведено врз основа на претходни проекти кои биле рафинирани и потврди дека учествувал во донесувањето на одлуката за производство на тие ракети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина ja нападна руската нафтена рафинерија, огнот гореше со часови

– Нема шанси да биде урната „Орешник“. Можеме да направиме дуел со нашите колеги од Запад: нека направат тие свое оружје, ние ќе избереме точка, на пример Киев. Нека пукаат тие со своетоо оружје, а ние ќе пукаме со Орешник. Тоа ќе биде корисен експеримент и за нас и за американската страна. Русија е подготвена за тоа – рече Путин.

Тој изјави дека „не разбира“ зошто украинските сили влегле во рускиот пограничен регион Курск.

– Не е јасно зошто, немаше никаква воена смисла украинските вооружени сили да навлезат во регионот Курск или да останат таму како што тоа го прават сега, фрлајќи ги таму во сигурна смрт своите најдобри напаѓачки групи и единици – рече Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кошта: Европската унија ќе застане на Украина и во војна и во мир

Тој додаде дека ќе бидат обновени сите уништени објекти, а на граѓаните ќе им биде укажана сета потребна помош.

Кога еден жител на регионот Курск беше прашан во директна врска кога жителите на тој регион ќе можат да се вратат дома, Путин одговори дека не може да наведе точен датум.

Loading...

– Нема сомнеж дека ќе го ослободиме Курскиот регион. Во моментов, 155-та бригада се бори во областа Курск, која го турка непријателот од нашата територија. Се разбира, тие не се сами таму. Таму се борат и 810. поморска пешадиска бригада на Црноморската флота, 76. и 106. воздушнодесантни дивизии, моторизирани единици и моторизирана пешадија на Северниот воен округ – рече Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев им се заканува на уредниците на Тајмс: Вие сте легитимни воени цели

Путин рече дека „има со кого да разговара“ во Украина.

– Има многу наши момци таму – рече тој.