Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека во последно време систематски се прекршуваат принципите на Конвенцијата за биолошко и токсично оружје.
„Некои земји се обидуваат да ги искористат актуелните меѓународни проблеми за да обезбедат сопствена биолошка безбедност на сметка на другите“, рече Путин, пренесува ТАСС.
Ова им го порача на учесниците на четвртата меѓународна конференција „Глобални предизвици на биобезбедноста. Проблеми и решенија“.

