Трката во вооружувањето почна кога САД се повлекоа од Антибалистичкиот ракетен дооговор (АБМ), изјави денеска претседателот на Русија, Владимир Путин во своето годишно обраќање.
САД одбија да ја поддржат новата СТАРТ програма која истекува на 5 февруари 2021 година, а се однесува на контрола на нуклеарното оружје.
Путин истакна дека Русија „сама создава чадор за себе“.
– Што требаше да направиме како одговор? Бевме должни се да направиме да не дојде до ова. Или создавање на сопствен систем на противракетна одбрана или развој на оружје способно за продор во противракетната одбрана. И ние тоа го направивме. Создадовме хиперсонично оружје, вклучително и Авангард, посочи Путин.
АБМ датира од 1972 година, а САД во 2001 година унилатерално се повлекоа од Договорот.
– Односите помеѓу Русија и САД во следниот период во голема мера ќе зависат од администарцијата на Бајден, наведе Путин.
Рускиот претседател се осврна и на изјавата на германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, која истакна оти со Русија „треба да се преговара од позиција на сила“.
– Таа мисли дека со тоа покажува колку е силна, но тоа нема логика. Таа госпоѓа стана министерка за одбрана и сака да покаже дека е зла, а само го повтори клишето, што многу пати го направија голем број членки на НАТО. Таквото однесување е контрапродуктивно за меѓународните односи и од позиција на нашата одбранбена политика, нема никаква смисла тоа што таа го кажа, посочи Путин.
Рускиот претседател во обрајќањето, што траеше четири часа и 29 минути се осврна и на пандемијата со новиот коронавирус.
– Отворањето на границите ќе зависи од препораките на лекарите, а засега очекуваме да се развива домашниот туризам. Сериозно напредувавме кога станува збор за борбата против коронавирусот, а следната година ќе произведеме милиони дози вакцини против Ковид-18, наведе Путин.
Марина Илиевска