Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сака да им дозволи на доброволците да се борат против украинските сили и одобри предавање на заробените ракетни системи од западно производство на проруските сили во Доњецк и Луганск, пренесува Ројтерс.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу предложи да се предадат противтенковските системи од американско производство, како што се „Јавелин“ и „Стингер“ на борците од бунтовничките региони Луганск и Доњецк.
Според него, на Блискиот Исток има 16.000 доброволци кои се подготвени да дојдат и да се борат во Донбас.
Говорејќи на седницата на рускиот Совет за безбедност, Путин рече дека ја поддржува таквата идеја, додавајќи дека треба да им се дозволи да дојдат на оние кои сакаат доброволно да се борат.