Путин: Специјалните служби да ја зајакнат контролата во местата на масовни собири

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на специјалните служби да ги држат под постојана контрола местата за масовно собирање на граѓаните, стратешките транспортни објекти и енергетската инфраструктура.

Loading...

„Имате доволно искуство во борбата против тероризмот, така што работата за спречување терористички напади мора да продолжи систематски и прогресивно, местата на масовно собирање на граѓаните, стратешките сообраќајни објекти и енергетската инфраструктура мора да бидат под постојана контрола“, рече Путин, честитајќи им на безбедносните службеници, објави РИА Новости.

Тој посочи дека треба да се зајакне работата на граничната служба на Федералната служба за безбедност, пренесе Спутник.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Пријателството меѓу Русија и Кина не зависи од глобалните настани

„Државната граница е најважниот, клучен периметар за обезбедување на безбедноста на земјата и таа мора сигурно да биде покриена. Обидите за нејзино прекршување мора брзо и ефикасно да се запрат со користење на расположливите сили и средства, вклучително и мобилните единици и специјалните сили“, додаде претседателот на Русија.

Ситуацијата во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), регионите Херсон и Запорожје е исклучително тешка и безбедносните сили во новите региони на Русија мора да направат се за да обезбедат максимална безбедност, почитување на правата и слободите на граѓаните, рече Путин.

„Посебно сакам да ги истакнам единиците на безбедносните агенции кои почнаа да дејствуваат во новите региони на Русија. Исклучително тешко, но луѓето што живеат таму се надеваат на вас, на ваша заштита“, нагласи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вознемирувачка снимка: Руси брутално тепаат војници кои одбиваат да се борат во Украина

Претседателот на Русија изјави дека должност на тајните служби е да направат се за да обезбедат максимална безбедност на граѓаните и да ги заштитат нивните права и слободи.

Тој вети и дека ќе ги опреми новите единици со современа опрема и оружје и ќе обезбеди искусен персонал.

Loading...

На 20 декември се слави Денот на работниците од агенцијата за безбедност на Руската Федерација.