Состанокот со американскиот специјален претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, во Кремљ беше многу корисен, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Во интервју за Индија тудеј, тој рече дека предлозите што американските преговарачи ги донесоа до Москва се засновани на договорите меѓу претседателите на САД и Русија на Алјаска, но исто така истакна дека постигнувањето консензус е „тешка задача“.
Американската страна ги подели 27-те точки од планот на Трамп во четири пакети и предложи за нив да се разговара посебно, рече рускиот претседател.
Путин објасни дека морал да ја помине речиси секоја точка од планот, поради што средбата со американската делегација траела толку долго, околу пет часа.
„Имаше прашања со кои Русија не се согласуваше, а страните разговараа и за нив“, рече Путин.
Рускиот претседател истакна и дека жителите на регионите Доњецк и Луганск во Украина не сакаат да живеат со Украина и тоа го изрази на референдумот.
„Русија и предложи на Украина да ги повлече своите трупи од Донбас и да не иницира воени операции, но Киев избра да војува“, рече Путин.
Тој изјави дека Русија ќе ги ослободи Донбас и Новорусија „во секој случај, со воени или други средства“.

