Рускиот претседател Владимир Путин заработил и до 500 милиони долари од продажбата на популарната вотка „Путинка“.
Таа е брендирана под негово име во периодот од 2004 до 2019 година. Ова го покажува истрагата на независниот медиум „Проект“, За ова пишува и московскиот портал themoscowtimes.com.
„Путинка“ се појави на полиците во руските продавници во 2002 година. Стана лидер на пазарот до 2005 година, кога годишно се продаваа повеќе од 40 милиони литри.
Популарноста на „Путинка“ исто така се совпадна со врвот на стапката на смртност поврзана со алкохол во Русија, според Проект.
Кои се сопствениците на Путинка?
Иако сопствениците на брендот „Путинка“ се менуваа со годините, сите беа поврзани со потесното опкружување на Путин. Од нив се бараше дел од профитот да одвојуваат за рускиот претседател, велат изворите на „Проект“.
„На крајот на 2003 година, Путин само се подготвуваше за својот прв реизбор за претседател. Активната фаза на непријателствата во Чеченија беше при крај. Михаил Ходорковски штотуку беше уапсен. Токму тие денови, скромниот адвокат Владислав Копилов се всели во својот нов стан од 90 м2 на петроградската страна на Санкт Петербург“, пишува Проект.
Оттаму посочуваат дека Копилов само три месеци пред да се стекне со новиот имот станал сопственик на кипарската компанија „Ермира консултанс“.
Во почетокот, неговата компанија не работеше ниту имаше многу пари. Меѓутоа, многу брзо „почнаа да течат милиони долари низ оваа компанија, а нејзиниот сопственик логично ќе мора да стане богат и познат бизнисмен“.
Сепак, тој всушност не стана еден од една едноставна причина: Копилов беше искористен само за прикривање на вистинскиот сопственик на овие милиони – рускиот претседател Владимир Путин.
Кој е Копилов?
„Копилов е никој и по суштина и по изглед“, вели изворот на Проект.
„Тој порано беше важен менаџер на деловната империја на еден од најблиските пријатели на претседателот. Беше и директно вклучен во управувањето на тајната финансиска мрежа во која беше вклучена и компанијата Ермира од Кипар“. Ова го тврди изворот на проект.
Тој смета дека руското раководство „целосно ја изгубило војната“ и дека „мора да бидат запрени“.
Документите што тој ги достави до новинарите и уредниците на Проект ја формираа основата на оваа истрага, се истакнува.
До 2003 година, Копилов беше адвокат речиси 30 години, но не постигна голем успех во кариерата.
„Сепак, за негова среќа, тој се сретна со група пријатели на Путин: Андреј Фурсенко и Јуриј Ковалчук. Тие во 1990-тите водеа научен кластер во компанијата Светлана во Санкт Петербург.
Цела група на оние кои работат за Путин и неговите пријатели – како што се Олег Гордин и Александар Плехов, чии имиња подоцна ќе се појават во „Панамските документи“ – произлегоа од овој кластер.
Веќе како „сопственик“ на Ермира, Копилов стана основач на непрофитното партнерство „Поддршка за детски спорт“ и акционер на Baltic Media Group.
Партнери на Копилов
Партнери на Копилов во двата случаи беа други, попознати кандидати – Сергеј Ролдугин и Олег Руднов.
Ролдугин е пријател од младоста на Путин, познат не само како виолончелист, туку и како човек кој поседувал офшор компании во интерес на Путин.
Руднов, сега починат, исто така бил пријател на Путин. На негово име биле регистрирани некои имоти важни за Путин Меѓу нив и медиумските куќи во Санкт Петербург кои ја формираа базата на Националната медиумска група. Тука се и вилата за одмор на претседателот во близина на Вибор. Но, и куќата на неговиот татко во селото Поминово во близина на Твер.
Проект ги идентификува Ермира консалтинг од Кипар како една од компаниите поврзани со изградбата на раскошната палата на Путин во Црното Море. Нејзиното постоење го откри уапсениот опозиционер Алексеј Навални и неговиот тим во истрагата во 2021ва.
Офшор-компанијата со седиште во Кипар била вклучена и во купувањето на стан од 120 квадратни метри во престижниот кварт Аеродром во Москва. Но, и три стана и пентхаус во црноморското одморалиште Сочи. Како и два имоти во ексклузивното предградие на Москва.
Секој имот бил купен за Путин или за членовите на неговиот најблизок круг, покажа истрагата на Проектот.

