Путин: Руските дронови суштински ги менуваат принципите на борбите

Сподели со своите пријатели

Современите беспилотни системи фундаментално го менуваат принципот на борба, изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорот со студентите на институтот специјализиран за склопување и контрола на дронови.

Loading...

„Современите беспилотни летала постепено, но фундаментално ги менуваат принципите на изведување вооружени операции. Тие добиваат голема брзина, нивните мотори стануваат многу моќни, како и нивниот опсег“, рече Путин.

Претседателот изјави дека брзината на беспилотните летала произведени од руската одбранбена индустрија достигнува брзина од 300.500 до 700 километри на час.

„Денес тие можат да извршуваат такви мисии кои претходно можеше да ги извршува само воената, борбена авијација“, нагласи рускиот лидер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 12 Индијци загинале во руските вооружени сили

Путин ја истакна и способноста на модерните беспилотни летала да се спротивстават на големите авиони.

Тој го нарече добра идеја проектот на студенти кои направија дрон за воени дописници. Како што вели, на тој начин ќе се овозможи минимизирање на ризиците на кои се изложени новинарите во борбената зона.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети московскиот индустриски парк „Руднево“ како дел од отворањето на иновативен институт за оператори на беспилотни воздухопловни системи, пренесува Спутник. Разговараше и со студентите на кафе.