Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава изјави дека во случај на надворешно мешање во ситуацијата во Украина, Русија веднаш ќе одговори.
Обраќајќи им се на граѓаните, рускиот лидер рече дека Русија останува една од најмоќните нуклеарни сили на планетата, па ниту еден потенцијален агресор не треба да се сомнева дека таа ќе биде целосно поразена, пренесува ТАС С.
„Што се однесува до воената сфера, модерна Русија, дури и по распадот на СССР и губење на значителен дел од нејзиниот нуклеарен потенцијал, денес е една од најмоќните нуклеарни сили. Дури има одредени предности во голем број најнови видови оружје. Во тој поглед, никој не треба да се сомнева дека директен напад врз Русија ќе доведе до пораз и страшни последици за потенцијалниот агресор“, рече Путин.
Тој изрази уверување дека руските војници професионално и храбро ќе ја извршат својата должност и ги повика украинските војници веднаш да го остават оружјето и да си одат дома.
Путин истакна дека дејствијата на Руската Федерација не се поврзани со посегнување на интересите на Украина, туку, како што рече, „со заштита од оние кои ја зеле Украина како заложник“.
Тој додаде дека целата одговорност за можното крвопролевање ќе биде целосно на совеста на украинскиот режим.

