Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руската армија наскоро ќе ги заврши сите задачи поврзани со уништување на воената инфраструктура на Украина.
Според него, санкциите против Русија се исто толку тешки како и објавувањето војна, пренесе Спутник.
Путин ја нарече тешка одлуката за започнување специјална воена операција во Украина.
Претседателот на Русија денеска се сретна со жените од летачкиот екипаж на руските авиокомпании, а на средбата бил прашан за целите на специјалната операција во Украина.
„Тоа го кажав на почетокот на операцијата и зборував пред да се донесе оваа одлука. Тешка одлука, без никакво сомневање“, рече Путин одговарајќи на прашање.
Тој посочи дека Русија се обидела да го реши конфликтот во Украина на мирен начин и наведе дека е неопходно да им се дозволи на луѓето во Донбас да зборуваат руски и да живеат мирно.
Блинкен во посета на Полска додека Русија ги интензивира нападите врз Украина
Тој рече дека постојат многу различни варијанти на демилитаризација на Украина, кои се на преговарачка маса со Киев и дека се надева на позитивна реакција.
„Русија веднаш одговори на повикот од Киев до нашите војници во врска со Мариупол, отвори хуманитарен коридор, но тие не ги пуштаат луѓето“, истакна Путин.