Путин: Русија продолжува да се залага за мир и формирање на праведен свет

Сподели со своите пријатели

Мнозинството земји во светот денес се заинтересирани за независен развој и зачувување на нивната култура и традиции, изјави претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Во својот воведен говор на отворањето на 11-та Московска меѓународна безбедносна конференција, Путин истакна дека продолжува формирањето на мултиполарен свет, но истовремено во различни делови на планетата повторно се разгоруваат старите конфликти, а почнуваат и нови.

Тие што ги предизвикуваат овие трагедии, како што објасни рускиот претседател, имаат за цел сопствен профит.

НАТО продолжува да ги развива и зајакнува своите офанзивни способности и сето тоа се случува во исто време кога истекува контролата на вооружувањето, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си сака да ги зголеми инвестициите и да ги прошири економските врски со Русија

Затоа, како што рече, намалувањето на безбедносните ризици ќе биде можно само доколку меѓународната заедница се обедини.

Сепак, Русија продолжува да се залага за мир и формирање на праведен свет, додека во исто време Западот испраќа свои експерти, платеници и милијарди долари во Украина, се со цел да го разгори конфликтот.

Путин се осврна и на ситуацијата во Африка и потсети дека и Централноафриканската Република и Мали беа нападнати од терористички групи, откако Западот интервенираше во Либија.