Путин: Русија потпиша воени договори со 40 африкански земји

Сподели со своите пријатели

Русија потпиша договори за воена соработка со повеќе од 40 африкански земји, објави вчера во Санкт Петербург рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

„Со цел да ја зајакнеме одбранбената способност на земјите од континентот, развиваме партнерство во воената и воено-техничката сфера“, рече Путин за време на вториот и последен ден од вториот руско-африкански самит.

„Некои африкански земји добија бесплатно оружје и технологии“

„Русија потпиша договори за воено-техничка соработка со повеќе од 40 африкански земји, на кои им доставуваме широк спектар на оружје и опрема.“

Путин рече дека африканските земји добиле оружје и технологии, некои бесплатно, „со цел да се зајакне безбедноста и суверенитетот на земјите“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Балтичките членки на НАТО ќе разговараат за безбедноста на самит во Хелсинки

Претставниците на африканските земји се поканети активно да учествуваат на воените форуми организирани од Русија, кои се занимаваат со техничките аспекти на оружјето, како и вежби со цел да се запознаат со опремата и нејзината употреба.