Путин: Русија останува верен пријател и сигурен партнер на Иран

Сподели со своите пријатели

Москва останува верен пријател и сигурен партнер на Иран, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата честитка по повод празникот Новруз.

„Путин му посака на иранскиот народ достоинствено да ги надмине овие тешки искушенија и нагласи дека во овие тешки времиња, Москва останува верен пријател и сигурен партнер на Техеран“, соопшти прес-службата на Кремљ.

Путин им го честиташе Новруз на врховниот лидер Моџтаба Хамнеи и на претседателот Масуд Пезешкијан.

Тој, исто така, упати честитки до претседателите на Азербејџан, Казахстан, Киргистан,Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

Норуз, персиската Нова Година, го означува првиот ден од пролетта и почетокот на годината според иранскиот календар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ирански министер: Не прифаќаме прекин на огнот, сакаме траен крај на војната

Норуз (преведен од фарси како „нов ден“) е еден од најстарите празници што го слават народите на Централна Азија, Блискиот Исток и Кавказ.