Русија ќе ја зајакне својата сила и суверенитет во светот кој брзо се менува, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќање по повод Меѓународниот ден на детето.
Loading...
Рускиот лидер упати честитки до учениците од училиштето, нивните родители и наставници, пренесува агенцијата ТАС С.
„Живеете и растете во многу динамично време кога светот брзо се менува“, рече Путин.
Тој рече дека верува оти Русија ќе ја зајакне својата сила, независност и суверенитет во овој комплициран свет, пренесе Танјуг.