Путин разговараше со Орбан за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со унгарскиот премиер Виктор Орбан за ситуацијата во Украина и на Блискиот Исток.

Loading...

„На иницијатива на унгарската страна е остварен телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан“, се наведува во соопштението.

Путин и Орбан „темелно размениле мислења за украинските прашања“, прецизира Кремљ, пренесува РИА Новости.

Како што се наведува во соопштението, Путин во разговорот со Орбан ја изразил својата оценка за деструктивната линија на Киев, која ја исклучува можноста за мирно решавање на конфликтот.

Рускиот претседател и унгарскиот премиер денеска разговараа и за тензичната ситуација во регионот на Блискиот Исток, во контекст на последните случувања во Сирија, додаде прес-службата на Кремљ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден сака посилни санкции против руската трговија со нафта пред Трамп да дојде во Белата куќа