Путин разговараше по телефон со Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денес разговараше по телефон со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата на Блискиот Исток.

„Тие разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток и Иран. Владимир Путин ги презентираше своите основни пристапи за интензивирање на политичките и дипломатските напори за обезбедување стабилност и безбедност во регионот“, соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува РИА Новости.

Како што е наведено, Путин ја потврди подготвеноста на Русија да преземе медијаторски напори за конструктивен дијалог, а двете страни се согласија да продолжат со контактите на различни нивоа, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Планот за Украина предизвика тревога во ЕУ. „Тоа е стапица од Путин и Трамп“