Путин предупредува: Конфликтот на Блискиот Исток може да се прошири

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со руските верски лидери изјави дека не е во ред невините жени, деца и стари лица во Газа да се казнуваат за туѓи злосторства, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Нашата главна задача е да го запреме крвопролевањето и насилството. Во спротивно, понатамошната ескалација на кризата може да доведе до тешки, крајно опасни и деструктивни последици. И не само за Блискиот Исток. Конфликтот може да се прелее многу подалеку од границите на Блискиот Исток “, рече Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сеул: Испраќањето војници од Северна Кореја во Русија е закана за меѓународната безбедност