Путин посочи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека администрацијата на Соединетите Американски Држави вложува „искрени напори“ за решавање на конфликтот во Украина.

Loading...

Тој, исто така, посочи дека Москва и Вашингтон би можеле да постигнат договор за контрола на нуклеарното оружје што би можел да го зајакне мирот, објави Ројтерс.

Путин одржа состанок со високи функционери и претставници на руското раководство пред самитот со американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска во петок.

Дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков, претходно изјави дека двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција на самитот, по приватните состаноци и со делегациите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија тврди дека погодила украински воени фабрики

Претседателот на Русија одржа состанок со високи функционери и претставници на руското раководство пред самитот со Трамп, објави државната новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.