Путин подготвен да донира милијарда долари на Одборот за мир на Трамп, но од замрзнатите руски средства

Сподели со своите пријатели

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, денес изјави дека за време на преговорите со Соединетите Американски Држави, Русија изразила подготвеност да издвои една милијарда долари за Одборот за мир во Газа, но од замрзнати руски средства.

Според него, преостанатите средства од замрзнатите руски резерви во САД би можеле да се искористат за реконструкција по постигнувањето мир.

Ушаков рече дека дел од средствата од замрзнатите руски резерви би можеле да се искористат за реконструкција на териториите погодени од борбите по склучувањето на мировниот договор меѓу Русија и Украина, пренесува РИА Новости.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тексас и Оклахома очекуваат температури до -46 степени: Зимска бура ги погоди САД

Тој додаде дека дискусиите за оваа тема ќе продолжат во рамките на билатералната руско-американска економска работна група.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа во Кремљ се сретна со американскиот специјален пратеник Стивен Виткоф и претприемачот и зет на американскиот претседател, Џаред Кушнер, а беше одлучено првиот состанок на трилатералната работна група Русија-САД-Украина за безбедносни прашања да се одржи денес во Абу Даби, објави претходно Ушаков.